Претставата ,,Сергеј е многу глупав“ вечерва ќе се игра во Охрид

- Локални
106

Театарската претстава „Сергеј е многу глупав“ во режија на Дејана Николовскa на репертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“ вечерва со почеток во 20.00 часот.

Во претставата „Сергеј е многу глупав“ се разигрува ситуација во која се кршат границите на реалноста во животот на еден актуелен современ лик – компјутерски програмер. Навидум едноставна животна ситуација одеднаш се претвора во егзистенцијална ситуација.

Курири–доставувачи, неочекувано доаѓаат кај Сергеј и уште од прагот соопштуваат дека имаат намера да поминат точно еден час со него, по што ќе му дадат пратка со непозната содржина. Од овој момент па натаму, започнува надреалистично шоу кое го вовлекува гледачот во динамична игра во која дијалозите и хероите ги рушат сите очекувани театарски стереотипи и во која крајот за гледачите е целосно непредвидлив.

Улогите ги толкуваат Сергеј – Никола Тодороски, првиот курир – Стрезо Стаматовски, вториот курир – Горан Стојаноски, третиот курир – Филип Кипровски и Маша – Елизабета Стефановска.

Картите по цена од 200 денари може да се набават на билетара при Центарот за култура.

Facebook Коментари