Превентивната кампања „Соседска патрола“ во Струга, Охрид, Дебар и Кичево

- Локални
717

Во периодот од 19 икедо 27 јули 2019 година, Секторот за внатрешни работи Охрид, на целото подрачје што го покрива, ја спроведе превентивната кампања„ Соседска патрола”. Мешаните патроли составени од полициски службеници од одделението за превенција, родители, претставници на Советот на родители во восновните училишта, од секторот за образование при локалните самоуправи како и на Центарот за социјални работи, во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, во времето од 22 до 02 часот, извршија превентивна обиколка на угостителските објекти какои местата на отворен простор каде, во ноќните часови најчесто се собираат и задржуваат младите.

Целта на кампањатае, родителите да видат каде и како младите се забавуваат во ноќните часови, какви се условите каде што излегуваат, кои угостителски и други јавни  места најчесто ги посетуваат,кои се можните проблеми со кои се соочуваати како полициските службеници практичноги применуваат своите полициски овластувања.

Целта на проектот„Мешани патроли” е преку широка општественаакција да се  зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните, да се придонесе кон зголемување на степенот на безбедноста,да се намалат можните инциденти на местата каде што се забавуваат  младите, да се подигне нивната општествена свест и совест за одговорно однесување во угостителските објекти и на јавните места како и доследно да се почитуваат законските одредби пред се, од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Извор и фото: СВР Охрид

 

Facebook Коментари