Пријателски натпревар на РК Струга со Пелистер – Паткари се повикани!

- Локални, Спорт
1367

Екипата на РК Струга во рамките на  подготовките за новата сезона ќе одигра пријателски меч против екипата на РК Пелистер од Битола. Мечот ќе се одигра денеска  во СЦ “Тими” во Струга со почеток во 17:00 часот.

Истовремено, упатен е повик до навивачите од Струга да се вратат таму каде што им е местото – на трибините.  Собирот на навивачите е закажан за половина час пред почетокот на натпреварот, односно во 16;30 часот кај црквата Света Петка.

Се враќа сјајот на ракометот, спорт во кој Струга е вистински расадник на таленти и страсни навивачи.

Facebook Коментари