Пријателски натпревар помеѓу РК „Струга“ и РК Вардар Јуниор“ денеска во С.Ц „Тими“

- Локални, Спорт
1042

 Денеска во 18:00 часот во С.Ц ,,ТИМИ“ ќе се одигра пријателски натпревар помеѓу екипите на Р.К ,,СТРУГА“ и екипата на Р.К „ВАРДАР ЈУНИОР “.  Овој пријателски натпревар е само најава за претстојната сезона во која РК „Струга“, после петнаесет години влегува како супер-лигаш.

РК „Струга“ ги повикува сите љубители на ракометот од Струга денеска да бидат во спортскиот центар „Тими“ и да ги поддржат нашите ракометари.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари