Пријави за возач и авто-транспортна компанија од Охрид поради превоз на поголем број патници од дозволеното

- Локални
393

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 61-годишниот Ѓ.А. од Охрид како и против авто-транспортна компанија од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

– При контрола на автобус, извршена на 10-ти јули 2020 година, на магистралниот пат Охрид-Кичево, полициските службеници констатирале дека пријавениот Ѓ.А. вработен во правното лице, врши превоз на 44 патници со што, биле прекршени безбедносните протоколи и уредбата со законска сила за начинот на превоз на патници во внатрешниот сообраќај за превоз на најмногу 50 проценти патници од вкупниот број на седишта, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари