Проекција на филмот „Лицата на Лафора“ во чест на Денот на ретките болести

- Локални
802

Како дел од активностите за одбележување на Денот на ретките болести, во Охрид ќе се одржи проекција на филмот „Лицата на Лафора“.

 Настанот ќе се одржи во петок, 22-ри февруари, со почеток во 18:00 часот во Јавната научна установа Институт за филм – Филмска Академија Охрид. На проекцијата ќе присуствува и режисерот на филмот Денис Бојиќ, со кој присутните, по проекцијата, ќе имат можност за разговор и дискусија.

„Истиот ден по завршувањето на проекцијата на филмот чест ни е да ве поканиме во Ноќниот клуб „Хавана“ на забава да ги обоиме нашите лица со боите на ретките болести и со тоа да го дадeме својот придонес во глобалниот настан @RareDiseaseDay.“ – велат организаторите.

Одбележувањето на 12-то издание на Денот на Ретките болести ќе се случи на 28-ми февруари 2019 година. Бидете и вие дел од интернет кампањата – обоете го вашето лице со боите на Ретките болести и покажете ја вашата поддршка за заедницата на Ретки болести! Покажи ја твојата реткост. Помогни во подигање на свеста за Ретките болести. Биди дел од кампањата #ShowYourRare во текот на месец февруари.

 Објавете фотографија на било која социјална мрежа од вашето обоено лице и во објавата вклучете ги препознатливите ознаки #ShowYourRare, #MyRare или #RareDiseaseDay. Споделете индивидуална слика или слика со вашите пријатели, семејство или соработници. Денес, 300 милиони луѓе живеат со ретка болест. Постојат над 6,000 различни дијагнози, што значи ретките болести и не се толку ретки. Изразете поддршка на заедницата за Ретки болести покажувајќи ја својата реткост. Со вашата помош, се подига свеста и се зголемува можноста за изстражувања. Единствена помош на Ретките се истражувањата. Покажете ја вашата поддршка!

Strugaonline

 

 

 

Facebook Коментари