Проекција на филмот „Море од жито“ вечерва во Струга

- Локални
649

Вечерва со почеток во 18:00 ч. во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“- Струга, ќе се прикажува филмот „Море од жито“.
FRECKLES – MARE DI GRANO (Море од жито)

Кратка содржина: Осумгодишниот Адам се качува по брда и се спушта по долини во околината на Тоскана, додека не стигне до едно мало гратче во близина на Сиена. Таму ги запознава Аријана и Мартино, кои ќе го придружуваат во неговата авантура и заедно ќе отпатуваат до морето, местото каде што Адам се надева дека ќе ги најде своите родители. Трите деца, заедно со патката Пина, неразделното милениче на Мартино, ќе ги одведат гледачите на едно авантуристичко патување полно со емоции, во кое протагонистите ги преживуваат народните приказни од нивното детство.

Билетите за проекцијата чинат 100 денари.

Strugaonline

Facebook Коментари