Прогласена е епидемија на морбили во Струга

- Локални
1160

Прогласена е епидемија на  морбили на подрачјето на општина Струга, информира денеска на прес-конфереција Јованка Сурлакова – Коровешовска епидемиолог во Центарот за јавно здравје – Охрид.

До вчера биле регистрирани 24 заразени од морбили, а денеска нема нови случаи.

Епидемијата е прогласена поради  зголемениот број пријавени болни во периодот од 18-ти февруари до 25-ти  март.

Во вакви случаи, се препорачува зголемена дезинфеција на здравствените установи, училиштата и градинките и проветрување на просториите, забранета посета на болните во болницата и лична заштита на здравствените работници.

Заболените треба да бидат изолирани за да не се шири заразата.

Три лица заболени од морбили има и во Охрид, а во Дебар до сега има 18 случаи. Степенот на имунизација против морбили во овие општини е висок. Во Струга и Дебар е 95 проценти, а во Охрид 89 отсто.

Facebook Коментари