Програма за втор ден „Струшки книжевни средби 2019“

- Локални
548

Денеска е вториот ден од деветтото издание на  манифестацијата „Струшки книжевни средби“ Во 10:00 часот, во Спомен домот на Браќа Миладиновци започна  „книжевна пловидба“ и стручна работилница на тема „Придонесот на списанијата во развојот на современата македонска култура и уметност: 75 години од ослободувањето. Во работилницата, присутните ќе ги воведе Проф.д-р Димитар Пандов, а модератор ќе биде Проф. д-р. Христо Петрески.

Во 12:30 часот поздравно обраќање ќе има Роберт Алаѓозоски-национален координатор за развој на културата и меѓуресорската соработка.

По повод јубилејот -десет  години Културен центар „Бран“ – Струга ќе говори поетот Петко Шипинкароски.

Потоа ќе следува доделување на наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“ на добитниците Даниела Андоновска Трајковска и Игор Крајчев. Промотори ќе бидат Мерсиха Исмајлоска и Христо Петрески.

Потоа ќе следува постхумно доделување „Златна благодарница“ за Владо Малески за уметничкиот влог при создавањето на химната „Денес над Македонија се раѓа“. Слово за Владо Малески ќе одржи Мишо Китаноски, а модератор ќе биде Сузана Мицева.

Од утре, манифестацијата „Струшки книжевни средби“ се сели во Вевчани.

Strugaonline

 

Facebook Коментари