Лев банер Десен банер

Промовиран спотот „Идната јас“ со кој стружанката Ана Стојаноска ќе ја претставува Македонија на Јуниор Евросонг 2026

Младата стружанка Ана Стојаноска годинава ќе застане на големата европска сцена, претставувајќи ја Македонија на Јуниор Евросонг 2026 во Малта. Нејзината песна „Идната јас“, заедно со видеоспотот, вчера официјално беше промовирана пред македонската јавност.

„Идната јас“ носи силна и инспиративна порака за вербата во себе, детските соништа и храброста да се остане доследен на себе додека се расте и се бара сопствениот пат. По промоцијата, песната предизвика позитивни реакции кај публиката, која ја опиша како певлива и впечатлива.

Музиката за песната е на Николче Мицевски, додека текстот го напиша Илчо Нечовски. Видеоспотот е реализиран во продукција на Македонската радио-телевизија.

Стружанката Ана Стојаноска уште од најрана возраст ја негува љубовта кон музиката и пеењето. Сега таа ќе има можност својот талент да го покаже пред меѓународната публика и да ја претставува Македонија на едно од најзначајните музички натпреварувања за млади.

На сцената во Малта Ана ќе настапи заедно со танчарките Калина, Каја и Елена. За кореографијата е задолжен Илија Карадакоски, додека македонската делегација ја предводи шефот на делегацијата, Дијана Гогова.

Јуниор Евросонг 2026 ќе се одржи на 24 октомври во Малта. Македонската радио-телевизија најави директен пренос од настанот, кој ќе започне во 21 часот.

StrugaOnline

error: