Промовирана најновата поетска збирка „Саемско небо“ од Петко Шипинкароски

- Локални
824

Во едицијата „Современа македонска поезија“- „Корени“ на издавачот Културен центар „Бран“ од Струга, излезе од печат збирката  песни „Саемско небо“ од писателот Петко Шипинкароски.

На страниците од своето најново дело, познатиот автор  за љубителите на пишаниот збор претставува четриесет и пет песни поделени во три тематски дела и тоа:  „Клучот на среќата“ именуван со личното, вториот посветен на луѓето ѕвезди  „Ѕвезди меѓу боговите“ и третиот „Застанато време“ кој ја потврдува моќта на поезијата да го запре времето.

-Последната збирка песни „Саемско небо“,  една од најздрелите збирки, е поддржана од Сојузот  на  здруженија на пензионери на Македонија за 2019 година – информираше уредникот на збирката, истакнатиот публицист Мишо Китаноски.

Рецензентите, д-р Мерсиха Исмајлоска и Весна Мундишевска-Велјаноска, ги сублимираа  поетски искуства на Шипинкароски докажувајќи дека овој пат тој со една посебна топлина и лиричност се обраќа до читателот.

Teкст и фото: Стојан Кукунешоски

 

Facebook Коментари