Лев банер Десен банер

Пронајдена и отстранета дива депонија на 30 метри од резервоарите за вода во Шум

Општината презеде итни мерки по алармантниот извештај на експертите кои ја оценија фактичката состојба на изворот во Шум. Според нивните наоди, на само 30 метри од резервоарите за вода била формирана дива депонија со големи количини градежен и комунален отпад.

Експертите предупредиле дека депонијата, која се создавалa со години, претставувала сериозен ризик од бактериолошко и хемиско загадување на подземните води, со потенцијални последици врз квалитетот на водата и јавното здравје.

По наредба на градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќyра, била спроведена итна интервенција за расчистување на просторот и отстранување на отпадот, со цел целосна заштита на водните извори.

Акцијата за чистење беше реализирана на доброволна основа од страна на компанијата АРДИ АГ Заграчани, која со својата механизација и ангажман придонесе за целосно расчистување на локацијата. Од Општината упатија благодарност за покажаната општествена одговорност и поддршка.

Локалната самоуправа нагласува дека останува цврсто посветена на заштитата на животната средина, правилното управување со отпадот и зачувувањето на водните ресурси, најавувајќи засилени контроли и конкретни мерки за спречување на вакви појави во иднина.

StrugaOnline

error: