Првата недела искористени над 1.000 туристички ваучери, најголемиот дел во Струга и Охрид

- Локални, Македонија
503

Над илјада ваучери за туризам се искористени првата недела од предвидениот рок за нивната употреба. -пренесе Нова Македонија

Надлежните очекуваат дека истите тие ќе бидат во целост искористени, во согласност со досегашниот интерес и во согласност со предвидената динамика.

– Министерството за економија преку платформата има увид во секој момент за сите ваучери кога и каде се искористени во угостителските објекти пријавени во платформата „Дома си е дома“. Во моментот се искористени 1.089 ваучери. Повеќето се во Охрид и во Струга, но има и во Дојран, Берово, Крушево, Маврово и во Попова Шапка.

Според динамиката, откако е почната реализацијата сметаме дека истата таа ќе се реализира во предвидениот рок доколку ситуацијата со вирусот не се влоши во периодот што следува. Особено ако се има предвид дека ваучерите можат да се користат до 15.12.2020 година, поради што сметаме дека има доволно време истите тие да се реализираат – посочуваат од Министерството за економија и додаваат дека сѐ уште е рано да се прават анализи на ефектите од оваа мерка.
Оттаму додаваат дека за проширување или за продолжување на мерката ваучери за граѓани со ниски примања, со кои е предвидено да се поддржи секторот туризам, како еден од најпогодените сектори поради ширењето на ковид-19, зависи од ефектот на досега поделените ваучери.

Извор : Нова Македонија

Facebook Коментари