Првооделенците во Струга се едуцираа за улогата на пожарникарите

- Локални
206

Првооделенците од Струга придружувани од своите наставнички денеска присуствуваа на отворениот ден, што по повод денот на пожарникарите го организираше Територијалната противпожарна едница од Струга. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Струга, Г-дин Рамис Мерко кој на децата им ја објасни значајната улога на пожарникарите за заштита од пожари, а децата поставуваа прашања за оваа тема, соодветни на нивната возраст. Дел од најмладите ученици во разговор со градоначалникот ја изразија својата желба кога ќе пораснат да бидат пожарникари, но дел од нив сакаат да бидат и градоначалници.

Во рамки на отворениот ден на ТППЕ Струга, заменик командирот Ристе Талески ги едуцираше децата и соодветно на нивната возраст им објасни дека е многу важно да се почитува звукот на сирената на противпожарните возила и дека нејзиниот звук значи дека треба да добие предност во сообраќајот за да стигне на време кога некаде избил пожар.

Децата заедно со пожарникарите се запознаа и со опремата која ја употребуваат пожарникарите кои работат во ТППЕ Струга.

Во своите примери, децата често споменуваа дека нивната асоцијација за гасненње пожар секогаш е употребата на вода, па Талески им објасни дека водата не секогаш е добра идеја, затоа што доколку станува збор за место каде што има струја, водата не смее да се користи и дека треба да се повика противпожарната едница и пожарникарите професионално и безбедно да ја завршат својата работа.

Strugaonline

Facebook Коментари