Лев банер Десен банер

Психолошката драма „Соучесници“ во четврток на репертоарот на струшкиот Центар за култура

Филмот „Соучесници“ ќе биде прикажан во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, во четврток, на 19 март 2026 година, со почеток во 18:00 часот.

Станува збор за психолошка и социјална драма која ја следи приказната за идиличниот живот на главните ликови, кој нагло се менува по сообраќајна несреќа. Во обид да се справат со последиците од настанот, нив ги прогонува совеста, што постепено ја трансформира нивната врска и ги носи во низа неочекувани ситуации и пресврти.

Филмот отвора прашања за моралот, одговорноста и човечката совест, нудејќи силна и емотивна приказна која ќе ја задржи публиката во неизвесност до самиот крај.

Проекцијата е наменета за публика со возрасна категорија 12+. Цената на билетот изнесува 200 денари, а организаторите информираат дека салата ќе биде затоплена за пријатно следење на филмската вечер.

Од Центарот за култура упатуваат покана до љубителите на филмската уметност да присуствуваат и да бидат дел од оваа филмска вечер во Струга.

StrugaOnline

error: