Ракометарките на ЖРК Стружанка во саботата забележаа победа на гостувањето во Кичево со резултат 25:30.
И покрај убедливата победа на нашите ракометарки, може да се каже дека тоа беше тежок натпревар. Противничките на полувреме водеа со 15:14, но ракометарките на Стружанка покажаа решителност и многу голема мотивација за победа. Најуспешна во нашиот тим беше Натали Јоноска со 15 погодоци, потоа следеа:
Затуроска Ивана – 5 погодоци
Домазетоска Теодора – 4 погодоци
Јусуфи Суела – 3 погодоци
Кјушкоска Марија – 2 погодоци
Дурацоска Стефанија – 1 погодок.
Наредниот викенд ЖРК Стружанка на свој терен го пречекува Војнисон Вардар.
Извор и фото:zrkstruzanka.mk
Strugaonline
Facebook Коментари