Регионален состанок на претседателите од четврти регион за спорт и рекреација

- Локални
650

На 15 ноември 2019 година во салата за состаноци во Клубот на пензионери од Струга,по претходен договор со претседдателот на комисијата за спорт и рекрација при СЗПМ,Здравко Петкоски,се одржа состанок со сите претседатели од здруженијата на пензионерите од 4-ти регион,а во кординација со кординаторот од Републичката комисија за спорт од Западниот регион,Стефан Шурбаноски.

На состанокот присуствуваа претседателите: Иван Хаџиев од ЗП Струга, Владо Милошески од ЗП Охрид и Дебарца, од Вевчани Јован Аврамоски, Адил Беќироски од Зп Лабуништа,од ЗП Дебар и центар Жупа Рамиз Клобочишта, Гоце Маџоски од Македонски Брод и Даномир Ристоманов од ЗП Кичево.

По отворањето на состанокот од страна на Стефан Шурбаноски,кординатор на комисијата за спорт и рекреација за Западниот дел на Македонија од 4 –ти регион,се работеше по една единствена точка од дневниот ред:Измени и дополненија на Правилникот за спорт со кој ги запозна кординаторот Шурбаноски,по обемните дискусии од страна на сите претседатели беше разработен поединечно секој член од правилникот за сите 11 дисциплини за наредните спортски игри кои ќе се одржат во 2020 година,за кој беа дадени бројни забелешки и мислења,за подобрување на истиот и донесување на нов корегиран правилник. По дадениоте мислења и предлози,се донесоа заклучоци кои записнички ќе бидат доставени до Републичката комисија за спорт и рекреација при СЗПМ, а потоа да се даде повратна информација до секое здружение на пензионери во прилог на записникот.

Teкст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари