Репрезентативци од ЏК „Дрим“- Струга настапуваат на Балканското првенство за пионери

- Локални, Спорт
1119
Oд денеска, па се до 8-ми јули 2018 репрезентативците на ЏК „Дрим“ од Струга Mарио Нелоски -42 кг и Христијан Глигороски -73 кг. ќе настапат на Балканското првенство во Џудо за пионери кое се одржува во Никшиќ, Црна Гора.

„На нашите репрезентативци им посакуваме многу среќа и се надеваме дека и двајцата ќе ја претстават нашата држава Македонија  и ЏК „ДРИМ“- Струга во најдобро светло ќе се вратат со златен медал.“ – велат од клубот
Џудо Клуб ДРИМ Струга и понатаму докажува дека е репрезент за квалитет и успех на македонското џудо.

Strugaonline

Facebook Коментари