Резултати на ,,Струга 2009“ во кадетска и пионерска конкуренција

- Локални, Спорт
376
Kaдетската екипа на  Струга 2009 во неделата на гостински терен ја совлада екипата на Тетово Булс со резултат 29:57. Најефикасна беше Крацоска со 15 поени, Синикоска постигна 13 поени, Кукунешоска 12 поени, Алексиеска 8 поени, Муртезаи 5 поени, а Белкоска постигна 4 поени.
Нашите кадетки вчера беа поразени од лидерот Вардар во Скопје, со резултат 62:37. Во овој натпревар најефикасна беше Кукунешоска со 15 поени, Муртезаи и Синикоска постигнаа по 6 поени, Алексиеска 5, Белкоска 3 поени и Хиса 2 поени.
,,Во последното коло играме со екипата на Гостивар во Гостивар, со евентуална победа би обезбедиле второ место во нашата група и четвртфинале со екипата на Крива Паланка.“-информира тренерот Владимир Ѓоровиќ.
Пионерките на Струга 2009 забележаа убедлив пораз во четвртфиналето на М14 на гости во Крива Паланка со резултат 66:33. Милчин постигна 7 поени, Ложанкоска 5 поени, Павлеска, Каба и Даути забележаа по 4 поени, Зиба 3, Ѓуроска, Незири и Ниноска по 2 поени.
Следниот натпревар ќе се игра за викенд во Струга.
Помалите пионерки вчера во Скопје ја победија дотогаш непоразената екипа на Вардар со резултат 28:31 и на тој начин го осигураа второто место во нивната група и четвртфинале што овој викенд ќе го играат на домашен терен со екипата на Баскет Дино од Кочани.
Во натпреварот со Вардар Дукоска и Мојсоска постигнаа по 10 поени, Мијевска 7, а Стеблева и Милеска по 2 поени.
Strugaonline

Facebook Коментари