РК Струга на домашен терен одигра нерешено со РК Металург

- Локални, Спорт
608

Во рамки на второто коло од Супер-лигата РК Струга на домашен терен ремизираше со РК Металург (28:28) .

Првото водство го имаа нашите ракометари со 1:0 потоа, беше 5:4, а во дваесеттата минута 9-10. Металург потоа ја презеде контролата па дојде до +4.  Гостите успеаа да ја задржат предноста па на одмор отидоа со резултат 13-18. Второто полувреме на почеток не донесе ништо ново, Металург успеваше во својата намера да ја одржува предноста. После резултат 23-27, стружани направија пресврт во последните десеттина минути. Маркоски постигна два гола за 25:27, голманот Јованоски беше многу успешен, посебно кога беше најпотребно и на овој натпревар зашиша 15 интервенции.  Два гола постигнаа Јанкулоски и Ракочија, па беше 27:27. Хорват со гол од пенал го внесе Металург во нова предност, Ракочија погоди за реми.

Strugaonline

фото: РК Струга

Facebook Коментари