Ракометниот клуб Струга во Првата машка ракометна лига ја заврши есенската полусезона на третата позиција. Во текот на полусезоната струшките ракометари успеаа да постигнат девет победи и четири порази. Во текот на натпреварите Стружани уште еднаш покажаа дека нашиот град е расадник за ракометни таленти кои се многу посветени и успешни во овој спорт. Така, заедно со Бутел Скопје и Металург Јуниор, РК Струга важеше за еден од поквалитетните ракометни клубови
Во пролетната полусезона Струга ќе се потруди да го стигне Металург Јуниор кој се наоѓа на втората позиција на табелата. Тоа место води во бараж мечот за влез во Супер лигата.
Facebook Коментари