Во рамките на пријателските натпревари РК Струга одигра одличен натпревар со тимот на Металург 2. Нашите ракометари загубија со еден гол разлика (34:33). Металург 2 имаше можност да шутира пенал кој беше досуден во последната секунда и така го постигна победничкиот гол.
РК Струга и на овој натпревар покажа дека ќе има свое значајно место во Првата ракометна лига и е сериозен конкурент за влез во суперлигата.
Strugaonline
Facebook Коментари