Самостојна изложба на Стојан Кукунешоски во Вевчани

- Локални
626

Здружението на пензионери oд Вевчани, во рамките на „Вевчанско културно лето“ 2019 година ја организираше самостојната изложба на Стојан Кукунешоски со наслов “Вевчански шимшир порти“ која беше отворена вчера во Клубот на пензионерите во Вевчани по повод 75-годишнината од ослободувањето на Општина Вевчани. Оваа изложба воедино  е и повторно претставување на Кукунешоски во Вевчани во овој клуб.

За ликот на фоторепортерот Кукунешоски зборуваше истакнатиот македонски писател Петко Шипинкароски, главен и одговорен уредник на списанието„Бранувања“

Изложбата за отворена ја прогласи Мишо Китаноски, истакнат поет,писател, публициста и хроничар од Вевчани,кој се задржа на читресете истакнати фотографии на тема:„Шимшир порти Вевчански.“

Strugaonline

Facebook Коментари