Се’ е подготвено за Вевчанскиот карневал, објавена е и целосната музичка програма

- Локални
347

Се’ е подготвено за Вевчанскиот Карневал 2023 година.

Една од најстарите традиции на Македонија и Вевчани која се претпоставува дека има континуитет најмалку 1500 години продолжува и годинава.

Василичарите организирани во две групи на најкреативен можен начин карактеристичен за нив преку хумор и сатира ќе ја прикажат годината што измина вклучувајќи ги  настаните од земјава, но и од светот.

Дефилето на василичари почнува утре околу 14:00 часот од влезот на селото, движејќи се кон центарот на Вевчани каде го вртат василичарското оро. Вевчанци за карневалот се подготвуваат цела година, а маските се чуваат во тајност.  Објавена е и целосната музичка програма.

Вечерва настапуваат рок и поп-бендовите: ГИГ ОФФ (Сашко Гигов-Гиш и пријателите), Венко Серафимовски и Прпл цепелин, реге-бендот – БРУКА, ДНК, Ласт експедишн, Фиц и Студени нозе. Утревечер за забавата се задолжени Баклава, Банда Ентопика од Грција, Нино Величковски и Кумановските тамбураши, Некст тајм и Перо Бели.

Facebook Коментари