Се одржа планинарската тура ,,По стапките на заборавените“ со рута Вевчани-Горна Белица-Вишни

- Локални
498
Вчера се одржа планинарската тура, ,По стапките на заборавените“ во организација на Фондацијата Фридрих Еберт и Македонското еколошко друштво.
Во планинарската тура учествуваше и градоначалникот на Струга, Рамис Мерко.
-Оваа планинарска тура имаше за цел да ги претстави локалните заложби за одржлив развој, природните и културни богатства на Јабланица, како и резултатите од јавното мислење на локалното население за потребата од прогласување на Јабланица за Национален парк како и да го зајакне дијалогот и соработката помеѓу сите засегнати страни.-информираат од Општина Струга.
Турата почна од Мултикултурен центар – Вевчани каде Г-дин Сашо Јанкоски, градоначалник на општина Вевчани имаше воведно обраќање. Исто така се обратија и Рене Шле, директор на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Робертина Брајаноска од Македонско еколошко друштво и Каја Шукова, државен секретар во Министертво за животна средина и просторно планирање.
Турата продолжи кон Вевчанска Локва (глацијално езеро, 1883 м н.в) – Вевчанска Голина (1750 м н.в.) и Горна Белица и заврши во село Вишни каде што градоначалникот Мерко и Богоја Кумбаровски, претседател на И.О. за прогласување на Јабланица за Национален Парк имаа неформална дискусија со учесниците на тема Промоција на традиционалната локална кујна како начин на спојување на системите за производство на храна, природата, местото и културата.
Strugaonline

Facebook Коментари