Се одржа втората средба-работилница во рамки на проектот ,,Младите против насилството“

- Локални
392
Во рамки на проектот Платформа на граѓанското образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилството), се одржа втората средба-работилница со граѓанските организации, членовите на платформата, претставници на општината и средните училишта.
Работилницата на тема : „Поврзување со клучните чинители и нивно инволвирање во работењето на Платформата“ ја водеше Сунчица Саздовска, а за досегашните активности на проектот, работа на Платформата онлајн, на присутните се обратија Драгана Котевска како претседавач на управниот одбор на платформата, Валерија Соколова Стојановска од ИЕП проектен директор на проектот и Валентина Тодороска од ЗРА АКВА- Струга.
Преку дискусија и работа во групи учесниците направија анализа на релевантните чинители, одредија следни насоки за инволвирање и застапување на институциите од национално и локално ниво како и бизнис секторот во подобрување на работата на платформата.
Младите да живеат во општество, во кое владее мир и толеранција, активно да придонесуваат кон искоренување на говорот на омраза и активно да учествуваат во развојот на заедницата, е мисија на Платформата за граѓанско образование на млади за борба против радикализацијата (Младите против насилство), што го спроведува Иницијатива за европска перспектива (ИЕП), НЕКСУС – Граѓански концепт, Здружение за развој и активизам АКВА, Струга и Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД), Куманово.
Проектниот директор, Валерија Соколова Стојановска, на денешната средба со претставници од невладини организации, образовни институции и Општина Струга истакна дека градењето на свеста на младите и граѓанските организации, преку најразлични активности, мултисекторскиот пристап, како и соработката со релевантни чинители ќе придонесат кон остварување на мисијата на платформата, како и целите на проектот.
„Состаноците со младите, граѓанските организации и релевантните чинители се клучни за информирање, подигнување на свеста, креирање механизми за превенција, идентификација на вредности и обезбедување на поддршка на сите засегнати“, рече Соколова Стојановска.
Драгана Костовска од здружението за поддршка на идентификувани потенцијални ранливи групи „Жртва“, смета дека едукацијата на наставниот кадар е многу значајна за намалување, односно спречување на радикализмот.
Целта на проектот Платформата за граѓанско образование на млади за борба против радикализацијата (Младите против насилство), според Валентина Тодороска од здружението „Аква“ е вмрежување на сите чинители во процесот, односно комуникација меѓу општината, училиштата и граѓанскиот сектор, за, како што рече, да изградиме, психо-физичка здрава младина отпорна на радикални идеологии.

Facebook Коментари