Се рехабилитира државниот пат Р1301, делница Охрид-Св. Наум

- Локални
128
Во тек се работните активности за рехабилитација и поправка на државниот  пат Р1301, делница Охрид-Свети Наум
-Делницата Охрид-Свети Наум со децении не беше рехабилитирана иако е еден важен крак од аспект на туризмот, но и крак кој не поврзува со соседна Република Албанија.
Препознавајќи ја важноста на оваа делница ЈПДП издвои средства и презеде активности за поправка и рехабилитација на државниот пат Р1301 во должина од 24.3 км и изведувачот на работите Илинден Струга заедно со надзорот Институт за патишта Велес веќе работат и изведуваат градежни активности, ја чистат трасата, прават крпење и асфалтирање на дупки, подготвуваат асфалтирање на одреднеи секции на трасата и сл.-соопштија од Јавното претпријатие за државни патишта.
Вредноста на оваа инвестиција е 707,390,772,00 денари, средства обезбедени од буџетот на ЈПДП.
Strugaonline

Facebook Коментари