Со стартот на денешните активности на градскиот фудбалски терен ,,Билјанини Извори”, започнаа финалните подготовки пред одигрувањето на натпреварот од првото коло од квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал.
Нашиот шампион, тимот на Струга Трим Љум ќе игра во квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал со тимот на Литвански Жалгирис. Првиот натпревар ќе се игра на 11 јули кај Жалгирис додека вториот натпревар ќе се игра во Охрид на градскиот стадион “Билјанини Извори” на 18 јули.
,,Ние како претпријатие максимално сме посветени во подготовка на фудбалскиот терен за претстојниот натпревар како би овозможиле на фудбалските тимови што подобри услови за играње на фудбал. За да го постигнеме тоа од денес до 19 јули градскиот фудбалски терен нема да може да се користи така што им се заблагодаруваме на соработката и разбирањето на сите наши сегашни фудбалски корисници.“-информираат од ЈП ,,Билјанини извори.“
Од претпријатието на нашиот фудбалски шампион му посакува многу успех во квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал.
Strugaonline
Facebook Коментари