Седум лица возеле под дејство на алкохол во Струга, Охрид и Кичево

- Локални
430

На 13/14.01.2021 година, во периодот од 17 до 01 часот, на подрачјето на СВР Охрид  спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.  Притоа,  констатирано е дека седум возачи управувале возила под дејство на алкохол,  пет во Охрид и по еден во Струга и Кичево. Тие се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките дозволи и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари