Селата Заграчани, Велешта и Долна Белица денеска и утре без вода

- Локални
677

МЈП „Проаква“- Струга ги известува жителите на селата Заграчани, Велешта и Долна Белица дека поради изведување на работи за санирање на голем дефект што се случил кај Горно Беличките извори, денеска и утре, односно на 9-ти и 10-ти април, во овие населени места ќе има прекин на водоснабдувањето.


„МЈП Проаква Струга моли за разбирање и трпение од страна на жителите на овие локалитети, а ние ќе се потрудиме максимално што побрзо да го санираме дефектот и да ја доведеме состојбата во нормала.“ – додаваат од претпријатието

Facebook Коментари