Семинар за унапредување на работата на даночните службеници денеска во Струга

- Локални, Македонија
608

Денеска во Струга, со цел унапредување на работата на даночните службеници, во организација на Генералниот Даночен инспекторат се одржува семинар посветен на Законот за општа управна постапка, на Законот за личен доход, данокот на добивка и регистрација и оданочување на физички лица со ДДВ. Покрај, предавачите од Управата за јавни приходи, свое излагање на темите ќе имаат и надворешни експерти.

„На семинарот има над 200 учесници. Сите заедно сме лицето на Управата за јавни приходи. Секој еден од нас ја претставува Управата за јавни приходи пред даночните обврзници и пред пошироката јавноста. И на сите нас, треба да ни биде чест што ја имаме таа можност, да сме претставници на институција којашто има главна улога во придонесот за економско силно и стабилно општество.“ – информира Сања Лукареска, директор на Управa за Јавни Приходи.

Лукареска додава дека семинарите од ваков карактер се одлична можност да се увидат и да се препознаат слабостите во работењето како и да се споделат нови знаења и искуства коишто ќе придонесат во понатамошната професионална и успешна работа на Управата за јавни приходи.

Strugaonline

Facebook Коментари