Плеј радио продолжува да ги изненадува редовните слушатели. Веќе седум години сме вашиот пријател во етерот, а новитетите се наш заштитен знак. Во тој дух, стартува нова емисија на 90.04. Тања ви прави друштво од понеделник до петок од 14 до 16 часот во емисијата „Слушај Плеј во 2“ .
Емисијата ќе биде вистинско освежување во етерот, секој ден ќе биде поинаков, возбудлив, збогатен со музички рубрики, информации, преглед на топ листи, одлична актуелна музика, гости и награди.
Една од поинтересните, ќе биде рубриката „Мојот избор“ во која струшки ди – џеји, музичари, познати ликови од земјава ќе избираат музика која ќе ја емитуваме за вас.
Ќе слушаме по три песни од нивниот избор, а ќе ни кажат и зошто ги избрале токму тие песни. За ликовите кои ќе ги избереме ќе слушате и кратки биографии за да ви откриеме што работат и зошто се интересни за јавноста. Оваа рубрика ќе се емитува секој вторник, а за месец септември веќе го имаме изборот на легендарниот DJ Crazy Slave, Ивица Велоски, Тоше Танески и Дејан Јанкоски.
„Слушај Плеј во 2“ е емисија поддржана од Едукативен центар „Таргет“, Shila – coffee & bar, Салончето на Марија, Салон за убавина „La domna“, „Aлгоритам“ – школа за математика, компјутери и странски јазици, Студио за танц „Баx“, а секако, најважната поддршка стигнува од вас-редовните слушатели.
Во StrugaOnline ќе може редовно да ги читате дел од рубриките и информациите кои ќе одат во емисијата.
Слушајте Плеј во 2, секој работен ден од 14 до 16 часот.
StrugaOnline
Facebook Коментари