Шампионот „Струга Трим Лум“ денеска на домашен терен игра реванш со „Слован Братислава“

- Локални, Спорт
353

Mакедонскиот фудбалски шампион, тимот на „Струга Трим Лум“ денеска од 17:00 часот на стадионот „Билјанини извори“ ќе го одигра реванш натпреварот против екипата на „Слован Братислава“ од Словачка, во рамки на првото коло од квалификациите за Лигата на шампиони.

На првиот квалификациски натпревар што се одигра во Братислава, тимот на „Струга Трим и Лум“ загуби со резултат 4:2.

„Во текот на неделата ги анализиравме нашите грешки кои ги направивме на првиот натпревар против Слован Братислава. Токму на овонеделниот тренинг работевме да не се повтори истото на денешниот натпревар.  Разговаравме и со играчите во кои видов позитивна енергија. И покрај двата гола минус што ги имаме, веруваме дека не се несовладливи. Мислам дека може да се достигне разликата од два гола. Сите во клубот се оптимисти, па очекуваме да го дадеме максимумот и да дојдеме до позитивен резултат. Кога велам позитивен, мислам на резултатот што би ни овозможил да ја поминеме оваа рунда“ – изјави тренерот Ќатип Османи.

Победникот од овој двомеч во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите ќе се соочи со шампионот на Словенија, Целје, кој во првото коло го елиминираше шампионот на Естонија, тимот на Флора Талин.

фото: FC Struga Trim Lum

Facebook Коментари