Симона Чавкоска од Струга ќе учествува на Светскиот натпревар -Филозофска олимпијада во Финска

- Локални
1378

Симона Чавкоска од Гимназијата ,,Д-р  Ибрахим Темо“  – Струга и Елена Јорданова од СОУ ,,Свети Кирил и Методиј“ од Неготино, сe победнички на македонскиот натпревар за филозофска олимпијада ( International Philosophy Olimpiad , IPO ) што се одржа во Скопје.

Чавкоска, под менторство на нејзината професорка по филозофија Дијана Милеска – Чуркоска,  ќе ја претставува Македонија на Светскиот натпревар -Филозофска олимпијада,  што од 16-ти до 19-ти мај ќе се одржи  во Хелсинки,Финска.

Таа е ученичка во 4-та година, со низа успеси на општинско, регионално и државно ниво од областа на природните и општествените науки. Филозофијата како наука, според неа е синоним за слобода на изразување и проникнување на индивидуалноста во светот на мисли и идеи.

-Во Скопје избрав да се натпреварувам на тема од областа на естетиката. Се фокусираше на убавината на уметничкото дело, дали некое дело мора да биде убаво за да биде сметано како уметничко. Мојот главен фокус беше на незаменливиот факт дека нема нешто што постои тука, околу нас ,што егзистира напоредно со нас што може да биде опишано со поимот грдо. Се’ е проткаено со убавина, се е убавина и извор на убавина дури и кога само еден би го сметал нештото за такво (за убаво). Изборот на темата дојде интуитивно, едноставно некое внатрешно чувство ме водеше кон таа тема, знаејќи дека иста ќе ми донесе пласман на олимпијада.-изјави Симона за Strugaonline.

-Овој пласман претставува еден од најголемите нејзини успеси досега. Како за неа така и за училиштето, Општина Струга па така и за Македонија како нејзин претставник во светот.“- вели професорката Милеска-Чуркоска.

Потенцира дека Симона е извонреден сестран талент со натпреварувачки дух и знаење уште од мали нозе.

-Нејзините вештини се неизмерни и силно верувам дека ако не во првите три, ќе се најде во првите 10 места на најдобри натпреварувачи што исто ќе биде голем успех-додава професорката Дијана.

Чавковска вели дека би и било чест да освои медал, но, подеднакво и’ е важно да го запознае Хелсинки, и  да се врати во Струга побогата за едно значајно искуство и со стекнати нови пријателства.

Таа досега има постигнати одлични резултати и на натпревари по хемија и математика, а  по завршувањето на средното образование планира да се запише на Институтот по хемија (применета хемија – животна средина) во склоп на Природно математичкиот факултет во Скопје.

Strugaonline

Facebook Коментари