Со документарна изложба во Охрид се одбележува Денот на Државниот архив

- Локални
61

Подрачното одделение на Државниот aрхив од Охрид го одбележува 1-ви април, Денот на Државниот архив со документарна изложба „Промотивен материјал од прикажани проекции на филмови во кино Охридско Езеро за период 1939-1941 година“.

– На оваа изложба охриѓани, а и сите посетители на нашиот убав град Охрид ќе имаат можност да се запознаат со рекламниот материјал (плакати) од филмската продукција на познати светски класици, од фондот на Никола Герман, информира охридскиот историчар и архивист Никола Митровиќ- Бабе.

Урбаната изложба ќе биде поставена на Мини плоштадот кај „Мини маркет“ во Охрид, денеска и утре, во периодот од 10:00 до 15:00 часот.

Поканети се сите љубители на раритетни и несекојдневни документи од  Охрид.

Strugaonline

Facebook Коментари