Со еко-активности и презентација на водни спортови започна летната сезона во Струга

- Локални
632

Тимот од проектот „Мониторинг, заштита и одржливо користење на појасот трски на Охридско Езеро” по повод Денот на Охридското Езеро што  секоја година се одбележува на 21-ви јуни одржа низа активности  на „Женска Плажа“ .

Активностите кои го обележаа денот на езерото и почетокот на летната сезона беа: акција за чистење на плажа, презентација на клубови за водни спортови, презентација на пловечка опрема, презентација на опрема за нуркање,  трки со пловечка опрема  и друго.

Активноста е дел од проектот: “Мониторинг, заштита и одржливо користење на појасот трски на Охридско Езеро”, како дел од програмата која се реализира во рамки на проектот : ,,Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“, финансиран од Европската Унија а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Strugaonline

Facebook Коментари