Со гласна музика нарушен јавен ред и мир во Радожда и Вевчани

- Локални
944

Со пуштање гласна музика, во два одвоени случаи, нарушен јавниот ред и мир во струшкото село Радожда и општина Вевчани.

-На 13-ти септември 2020 година, во 03:20 часот, во струшкото село Радожда, нарушен е јавниот ред и мир со гласна музика, пеење и користење музички инструменти од страна на Л.Б. и Д.К., двајцата од истото село. Против нив, ќе биде поднесена прекршочна пријава.

На 13-ти септември 2020 година, во 04:00 часот, во Вевчани, А.Р.(19), С.Р.(19), А.П.(19) и З.П.(17), сите од Вевчани, го нарушиле јавниот ред и мир со гласна музика. Против нив ќе биде поднесена прекршочна пријава.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари