Со низа активности, Црвен крст-Охрид ја одбележа Неделата на грижа за стари лица

- Локални
66

Во рамки на „Неделата на грижа на стари лица”(18-24 ноември) Црвен крст Охрид под мотото „Сите сме нивни деца” Црвен крст-Охрид оствати низа активности.


На 19.11 беа посетени болни и изнемоштени стари лица во рурални населби во општините Охрид и Дебарца од страна на тим на стари и млади волонтери и професионалци на Црвен крст и стручни медицински лица, со цел, за комуникација, разговори, процена на општа и здравствена состојба и потреби, проверка на притисок, тест за дијабет и превентивни препораки;
На 20.11.беа посетени и им беа поделени хранливи производи на старите лица во геријатрискиот оддел при Медицински центар Охрид, создадени во Градината на заедницата во Охрид, од страна на членови на Програмата за грижа за стари лица „Најди време„ при Црвен крст Охрид, здружение, жени „Бисера„ Охрид, здружение „Брег на младоста„ Охрид, средното училиште „Кирил и методи„ Охрид, и, други субјекти, подржано од Американскиот мировен корпуст и УСАИД. Исто така дента беа посетени и посетени старите лица од програмата “Најди време” и им беа направени превентивни здравствени прегледи (ЕКГ, гликоза, крвен притисок).
На 21.11 се организираше меѓугенерациска средба во Здружението на пензионери на Охрид и Дебарца во која пензионерите и младите волонтери од Клуб на млади при Црвен крст Охрид се дружеа преку заеднички игри(шах,табла,пикадо,цртање..). Целта на оваа дружење беше да се поврзат младите и старите и да се развие меѓусебно разбирање и почит.
Во рамки на активностите посветени на Неделата за стари лица (18 до 24 ноември), Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид”Најди време” објави литературен и ликовен конкурс на тема „Еднакви сме сите“ каде учествуваа учениците од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебарца. На ден 22.11. на свечен настан, по преглед и предлог на стручни комисии, се доделија награди, признанија и благодарници.

Strugaonline

Facebook Коментари