Време- Во западните делови облачно со повремен дожд

- Македонија
417

Во поголем дел од земјава денеска ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност, а во западните делови ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено на повисоките места каде ќе достигнува брзина над 70 км/час. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 10 до 21 степен. Утре че биде  променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а попладне и засилен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 11 до 18 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари