Идентификување на проблемите и недостатоците во Струга пред туристичката сезона и мерки за решавање на истите беше темата на работниот состанок што во организација на градоначалникот Рамис Мерко се одржа со штабот за превенција на Општина Струга.
Како што информираат од Општината, на состанокт се дискутирало за проблемите во сообраќајот, пожарите што можат да се појават за време на суши или високи температури, за злоупотребата на водата за пиење и техничката вода, како и за негативните социјални појави како што е питачењето. Тема на состанокот биле и паркинзите и нивно регулирање како и јавното здравје во овој период и надлежностите на комуналните инспектори.
-Одлучено е да се формираат работни групи за надзор за заштита на патната инфраструктура за време на изградба на различни објекти за индивидуално и колективно домување од неовластеното сечење на асфалтот и блокирањето без дозвола на улиците . Да се спречи злоупотреба на питката и техничката вода со цел снабдување на граѓаните и бизнисите. Да се спречи уништувањето на урбаната опрема во градот (клупите, кошничките за отпадоци, сообраќајните знаци итн.), Да се контролира и спречи потпалувањето на пожари во урбани, рурални или шумски средини.-информираат од Општина Струга.
Додаваат дека ќе се отстрануваат и пречките поставени на улиците и тротоарите заради слободен проток на пешаци и ќе се отстрануваат хаварисани возилата кои стојат на улиците и го попречуваат сообраќајот.
Во планот на Општина Струга е и регулирањето на местата за продажба на овошје и зеленчук на главните сообраќајни оски во градот и периферијата, како и пристапот на возилата на Брзата помош и пожарникарите во случај на здравствена итност или друга несреќа во блокираните улици од неодговорни граѓани.
Jавната свест на граѓаните за заштита на животната средина и јавниот имот општината одлучила да ја подигнува со промотивни кампањи, а на терен ќе бидат и комуналните инспектори.
-Одлучено е да се обврзе и комуналниот инспекторат преку овластените инспектори да биде на терен во секое време заради превенција или решавање на проблемите во нивната надлежност.-додаваат од Општина Струга.
Оттаму апелираат граѓаните да покажат високо ниво на култура во секоја област за како што велат, заедно да создадеме позитивна атмосфера за граѓаните и за туристите и иселениците кои ќе останат во Струга за време на туристичката сезона.
Strugaonline
Facebook Коментари