Со промоција на најновиот број на „Лице в лице“ во Охрид ќе се одбележува 21-ви март, меѓународниот ден на лицата со даунов синдром

- Локални
649

Меѓународниот ден на лицата со даунов синдром, 21 ви март, ќе биде одбележан  со промоција на најновиот број на списанието „Лице в Лице“ пред охриѓани.

„Овој настан е со цел да ја подигнеме свесноста за лицата со даунов синдром и да помогнеме во поддршката за нивна квалитетна интеграција во општеството. На настанот, ќе имате прилика да се запознаете и со Игорче, некогаш штитеник на Центар за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии – ПОРАКА НОВА од Струга, а денес продавач на списанието, кој ги руши сите рекорди на продажба. После успешното интегрирање во својата потесна заедница, во Охрид и Струга, каде веќе 7ма година го дистрибуира списанието до своите редовни купувачи, Игорче е спремен да ги освои и срцата на охриѓани и да им го доближи пристапот до уличното списание Лице в Лице, кое е лидер во борбата за работна интеграција на маргинализирани лица и светол пример за развојот на социјалното претприемништво кај нас. “ -велат организаторите
Приказната за Игорче ќе имате можност да ја слушнете во четврток, 21-ви март со почеток од 11:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Со купување на списанието „Лице в лице” им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице” си помагате себеси!

Strugaonline

Facebook Коментари