Сојузот на борци во Струга го одбележува 9-ти мај

- Локални
569

Во организација на ОО на СБ од Струга, заедно со струшките пензионери ,делегација предводена од претседтелот на СБМ-Струга Ајредин Мемети и секретарот Никола Попоски положија цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ во центарот на градот.

Во делегацијата беа приклучени и претставници на опоштинските организации на СДСМ,ВМРО ДПМНЕ и почитувачи на делото на Тито и голем број граѓани на Струга и Струшко.

Овие активности се по повод 76 годишнината од  Денот на победата над фашизмот ,9 Мај, како и Денот на Европа.

9 Мај е светски празник и неговото одбележување со другите земји од антифашистичката коалиција претставува голема свеченост.

И Република Македонија и Струга како дел од таа антифашистичка коалиција даде свој влог во победата над фашисзмот,затоа граѓаните на Струга и Струшко имаат голема заслуга за светскиот мир и треба да го празнува овој ден, историското значење на антифашистичката војна и 9 Мај –Денот на победата и Денот на Европа.

Целата церемонија беше одржана со строго почитување на сите мерки и протоколи.

Teкст и фото: Стојан Кукунешоски

 

Facebook Коментари