Соња Стојкоска е избрана за претседател на ОО на СДСМ -Струга

- Локални
2250

По најавените кадровски промени во СДСМ, и разрешувањето на претседателите на општинските организации на партијата,  на денешната прес-конференција на оваа тема, владиниот портпарол Костадин Костадинов ги објави имињата на 30 ново-назначани претседатели на Општинските организации низ земјава. Така, за нов претседател на ОО на СДСМ Струга е назначена Соња Стојкоска.

Стојкоска е член на СДСМ од 1996 година. Во период од 2007-ма до 2009-та година беше член на Извршниот одбор, од 2013-та до денеска беше член на Централниот одбор на СДСМ. На последните претседателски избори што се одржаа неодамна, ја извршуваше функцијата заменик -шеф на штаб.

„Станува збор за одговорни личности, чесни, способни, кои уживаат висок кредибилитет во местата во кои живеат. Во дел од општините каде што СДСМ забележа победа на последните избори реизбрани се претседателите на општинските организации.“- рече Костадинов за избраните претседатели.

Тој додаде дека во наредните неколку денови ќе бидат назначени претседатели и локални раководства и во преостанатите Општински организации а ќе се заокружат, со сигурност и промените во централното раководство на партијата.

Strugaonline

Facebook Коментари