Совет на МЗ Горна Белица: Доделувањето локации за градба во Горна Белица треба да запре, треба да се зачуваат вредностите на селото

- Локални
1292

Советот на МЗ Горна Белица на 5-ти јуни одржа седница на која главна тема беше издавањето на локации  за градба и градење на објекти во атарот на селото.

,,Советот ја информира јавноста дека како тело, нема надлежност за издавање на локации за градба во атарот на селото , ниту пак која било индивидуа може да доделува, продава или наплатува за локација за градба во село Горна Белица на земјиште што е во сопственост на Република Македонија“-соопштуваат од Советот на Месна заедница Горна Белица.

Од таму додаваат дека оваа информација произлегува од изразениот став на Советот за запирање на доделувањето локации и градење објекти во село Горна Белица , со цел зачувување на вредностите и убавината на селото.

Strugaonline

Facebook Коментари