Спасени се лицата кои со моторно возило заглавиле на врвот на Галичица

- Локални
247
Спасени се лицата кои со моторно возило заглавиле на врвот на Галичица, информираат од Центарот за управување со кризи.
По повик на единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи утрово, од пет до осум часот, се одвививаш спасувачка акција на Галичица. Во акцијата беа вклучени и Секторот за операции и координација во ЦУК и Регионалниот ЦУК Охрид.
– Веднаш се известени од Единицата за спасување на планина во Охрид, кои согласно временската видливост итно се упатиле на терен за да помогнат и да ги извлечат, а известени беа сите надлежни институции за натамошна постапка.-појаснуваат од ЦУК.
Додаваат дека било комуницирано и со лицата од заглавеното возило за да се дознае повеќе за нивната состојба при што биле информирани дека спасителите се на пат за нивно извлекување.
Според АМСМ, од 15 ноември 2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила се до 1 април 2024 година.
Strugaonline
фото: архива

Facebook Коментари