Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања ,,Свети Стефан“ добитник на голем грантов проект поддржан од Швајцарската амбасада

- Локални
308
На 19.12.2022 во просториите  на ЈЗУ Специјална болница за кардиоваскуларни заболувања ,,Свети Стефан“  за јавноста беше промовирано добивањето на голем грантов проект поддржан од Швајцарската амбасада за подобрување на енергетска ефикасност, дигитализација и набавка на медицинска опрема .
,, Огромно е задоволството што нашиот проект е дел од Грантовата шема инвестициски проекти за рамномерен регионален развој на Амбасадата на Швајцарија и Министерството за локална самоуправа. Голема благодарност на Швајцарската амбасада ,Министерството за локална самоуправа ,Бирото за регионален развој, Центарот за развој на југозападен плански регион и сите општествени институции кои беа вклучени во сите фази на подготовка на овој проект.,,-истакна директорката на болницата, др Елена Коваческа Башуроска.
Таа додаде дека овој проект кој опфаќа енергетска ефикасност , дигитализација и медицинска опрема односно, набавка на современ ехокардиографски апарат значи подобри, поефикасни, поквалитетни услуги ,во служба на здравјето на граѓаните.
,,Ова е конкретен ,концизен проект со визија да преку подобрување на инфраструктурните услови и здравствените услуги во нашата болница која е со идеална локација ,посебно во делот на кардиоваскуларна рехабилитација како единствена дејност во државата, се створат можности за развој на здравствен туризам што е и дел од национална стратегија . Инвестирањето во енергетска ефикасност ќе значи подобри услови за нашите пациенти , енергетска заштеда и комплетна искористеност на болничките капацитети 12 месеци во годината Имплементацијата на дигитализацијата ќе овозможи воведување на модерните трендови на информатиката во секојдневната работа .-потенцираше Башуроска.
Установата ќе добие софтверско решение кое ќе го покрива работењето на установата ,како од медицински така и од административен карактер, што ќе значи унапредување и подобрување на квалитет на услуги, намалување на времето на чекање на пациентите, брза и прецизна меѓусебна комуникација на медицинскиот персонал ,квалитетно складирање на податоците и следење на истите по електронски пат. Исто така ова ќе овозможи и темелна и ефикасна статистичка обработка на податоци, креирање на регистри и заклучоци за чекори кон подобрување на кардиоваскуларното здравје на нашите пациенти и ќе отвори можност за побогата научна дејност во установата.
-Во делот на медицинска опрема ќе се обезбеди современ апарат за ехокардиографија , метода која е неопходна во секојдневната клиничка пракса .Можностите кои ќе ги нуди овој апарат ќе овозможат најсофистицирана дијагностика на најкомплексните кардиоваскуларни состојби.
Убедена сум дека со заеднички напори со Центарот за рамномерен регионален развој на југозападниот плански регион ќе имаме ефикасна имплементација на овој проект .
Оваа установа нека биде уште поуспешна приказна за развој на јавното здравството во овој регион. Нашите пациенти, нашите граѓани го заслужуваат тоа“- додаде директорката др Елена Коваческа Башуроска.

Facebook Коментари