Викендов што следува носи нови спортски предизвици за Струга. Во сабота (10.11) со почеток во 18;30 часот, РК Струга на гостински терен игра со РК Пролет. Во недела (11.11) исто така на гостински терен во Скопје, младинците на РК Струга ќе се сретнат со „Шампион“ (РК „Работнички“) со почеток од 19:00 часот.
Свои нови предизвици имаат и струшките ракометарки . Имено, сениорките на ЖРК „Стружанка“ во сабота играат со ЖРК „Деспина“ од Прилеп, а младинките на ЖРК „Стружанка“ се сретнуваат со ЖРК „Шампион “ од Скопје.
Двата натпревари ќе бидат одиграни во сопортската сала „Нико Нестор“ во Струга, со почеток од 15;00 часот.
Strugaonline
Facebook Коментари