Стекнете светски признат ESB сертификат во Едукативен центар ,,Таргет“-Струга!

- Интервју, Локални
1417

Во денешното издание на емисијата Плеј кафе на Плеј радио, нашa гостинка беше Проф-Др Весна Милевска, официјален застапник на ESB во Република Северна Македонија , односно Меѓународен лиценциран центар кој овозможува обука и проверка на знаењето на англискиот јазик. Кандидатите после испитот добиваат сертификат со меѓународно признати квалификации што им ги зголемуваат можностите за вработување и добиваат отворени можности за успех и во земјава и во странство. Moжност за обука и полагање за кандидатие од Струга, ексклузивно во Едукативен центар ,,Таргет“-Струга.

Play radio: За сите заинтересирани најпрво подетално објаснете ни што е ESB и зошто е важно да се добие овој сертификат кој има трајна валидност?

Весна Милевска: Кратенката ESB доаѓа од English Speaking Board и е лиценциран меѓународен сертификат по англиски јазик кој што уште во далечната 1953 година го основал Кристофер Барингстон и долги години по основањето успешно функционира најпрво во Велика Британија, потоа и во Европа, а од оваа година и во Република Северна Македонија. После преговорите што траеа две години, успеавме да станеме ексклузивен претставник во нашата земја и во сосесдна Србија. Тоа е навистина голем успех и прв пат се појавува на нашиот пазар.

Play radio: Благодарение на соработката што ја имате со едукативниот центар ,,Таргет“ во Струга , кандидатите од нашиот град и обуката и полагањето можат да го поминат во Струга. Кои се условите за пријавување?

Весна Милевска: На обострано задоволство, соработката со Едукативниот центар ,,Таргет“ нуди можност за обука и полагање не само за Струга туку за цел овој регион. Од најмалите групи, па се до највозрасните кои имаат потреба и сакаат да добијат Меѓународен сертификат по англиски јазик тоа да го направат тука. Нашата задача во Македонија е да регистрираме одреден број на испитни центри каков што ќе биде и ,,Таргет“. На потенцијалните кандидати им се овозможува да посетуваат обука во  ЕЦ ,,Таргет“ и online да ги полагаат испитите, а усниот дел да се полага во ,,Таргет“. На овој начин, нема патување, средба со непознати луѓе, ќе се полага во една пријателска атмосфера и се стекнува доживотен сертификат. ESB e на исто ниво како и другите Меѓународно признати сертификати како што се IELTS и TOEFL кои што кандидатите ги полагаат во Скопје, за тие сертификати кандидатите мора да бидат физички присутни и да полагаат на секои две години.

Play radio: Како ќе се спроведува обуката, што содржи истата и колку трае?

Весна Милеска: Обуката ќе ја вршат професори од ,,Таргет“ по веќе обезбедена програма од ESB и истата ќе трае согласно потребата на кандидатите. Има кандидати на кои обуката им е потребна само да видат како ќе се одвива полагањето, во тој случај би биле околу десет часови, но имаме и кандидати на кои им е потребна поголема обука и може да трае два или три месеци. Нивоата на ESB се според Европската јазична рамка ( А1, А2, Б1, Б2, C1 и C2) сите се достапни, а за најмладите имаме посебни сертификати. Поради состојбата со вирусот ковид 19, полагањето ќе се одвива online, само усниот дел односно зборувањето ќе се полага со физичко присуство.

Play radio: Kaкви се’ можности добиваат кандидатите откако ќе го добијат сертификатот?

Весна Милевска: Во сите земји каде што е нагласено дека е потребно одредено познавање на англиски јазик, ESB целосно ги отвора вратите за сите кои се стекнале со овој сертификат. И во Македонија за повисоки позиции и во јавната администрација познавањето на англискиот јазик е задолжително. Добивањето на ESB сертификат значи квалитетно вложување во себеси.

Извор: Play radio

Strugaonline

Facebook Коментари