Стигнува најсилниот Sea Star досега!

- Локални
718

„Си Стар“ (Sea Star) фестивалот, заслужено номиниран за најдобар европски фестивал, своето трето издание ќе го има на 24-ти и 25-ти мај 2019-та година во лагуната „Стела Марис“ во Умаг, Хрватска. Повеќе од 80 илјади посетители и бројни музички суперѕвезди помогнаа овој фестивал, организиран од тимот на „Егзит“, по само две сезони да се етаблира меѓу најважните на Медитеранот, а во 2019-та ја подигнува границата на достигнувања највисоко досега. Како беше пак во магичната лагуна ланскиот мај, може да се види во филмското премотување на највозбудливите моменти од Си Стар Фестивалот кое пристигнува со официјалното афтер-видео.

Фестивалската 2+2 формула се покажа успешна за првите две сезони, па така и годинава во петок на 24-ти и сабота на 25-ти мај, Си Стар Фестивалот ќе работи во својот полн капацитет, додека за четвртокот на 23-ти се подготвува журката за отворање, а во неделата утрото на 26-ти мај забавата за испраќање.

Веќе е започната и продажбата на првите влезници со промотивната цена од само 1999 ДЕНАРИ, што е заштеда од дури 50% во однос на финалната цена! Сите влезници за фестивалите од семејството на ЕГЗИТ, во Македонија се продаваат преку продажната мрежа на МкТикетс.

Strugaonline

Facebook Коментари