,,Струга 2021“- РК Струга одигра реми со РК Бутел, Е.Пелистер славеше над Металург

- Локални, Спорт
598

На вториот спортски ден од Меѓународниот ракометен турнир ,,Струга 2021“ синоќа беа одиграни два натпревари. Неизвесен и возбудлив меч приредија домаќините против РК Бутел -Скопје кој заврши нерешено 23:23.

Екипата на Еурофарм Пелистер која е бранител на титулата, синоќа победнички го започна својот настап на овој турнир и славеше над  составот на  Металург со 25:24.

Вечерва во терминот од 19:00 часот РК Тиквеш игра со РК Е. Пелистер, а од 21:00 часот РК Вардар ќе се сретне со РК Бутел

Strugaonline

Facebook Коментари